
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кооп Груп“ (The Co-operative Group) и „Саутерн Кооп“ (Southern Co-op) добија одобрение од британскиот регулатор за заштита на конкуренцијата (Competition and Markets Authority – CMA) за здружување на нивното работење.
Одлуката им овозможува на компаниите да го започнат процесот на поврзување на деловните активности и реализација на деталните планови за интеграција.
Одобрението следува по завршувањето на процесот на пренос на работењето претходно оваа година, кога активностите на „Саутерн Кооп“ беа пренесени на компанијата „Сиена Кооператив Лимитед“, која е во целосна сопственост на „Кооп Груп“. За време на регулаторната проверка на CMA, двете организации продолжија да работат одвоено.
Како што се наведува во соопштението на „Кооп“, одобрението на CMA означува почеток на ново поглавје за двете организации, кои заедно имаат повеќе од 300 години задружна традиција.
Со здружувањето се создава посилна задружна организација, со поголем обем на работење, поголема отпорност и влијание врз членовите, купувачите, вработените и локалните заедници низ Обединетото Кралство.
„Саутерн Кооп“ моментално располага со 173 продавници за прехранбени производи, 83 кафулиња Starbucks, повеќе од 70 франшизни продавници Welcome и околу 330.000 членови.
Од друга страна, „Кооп Груп“ има 2.300 продавници за прехранбени производи, големопродажно работење преку кое снабдува околу 8.000 продажни места и 7,5 милиони членови.
Следната фаза предвидува постепена интеграција на работењето, при што роковите ќе се разликуваат во зависност од деловниот сегмент. До завршувањето на деталните планови за интеграција, двете организации ќе продолжат да работат без промени.
„Денешниот ден претставува важен момент за нашите две организации и за поширокото задружно движење. Одобрението на CMA ни дава зелено светло за почеток на возбудливо ново поглавје на соработка. Со поврзувањето на повеќе од 300 години задружна традиција добиваме можност да изградиме уште посилен „Кооп“, со поголем обем на работење и поголема отпорност, како и со можност да обезбедиме поголема вредност за нашите членови, купувачи и заедници“, изјави Кејт Алум, вршителка на должноста извршен директор на „Кооп Груп“.
„Сега можеме да ги надградиме досегашните успеси на „Саутерн Кооп“ и силните страни на нашето работење да ги пренесеме во следното поглавје од развојот. Би сакал да им се заблагодарам на вработените и членовите за континуираната поддршка“, изјави Бен Стимсон, извршен директор на „Саутерн Кооп“.
Тој нагласи дека приоритет ќе биде зачувувањето на заедничките вредности и понатамошното зајакнување на задружното движење.
„Ќе продолжиме да им обезбедуваме поддршка на вработените и врвна услуга на купувачите и клиентите во текот на процесот на транзиција“, додаде Стимсон.