
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Производителот на безалкохолни пијалаци „Матони 1873“ го зајакнува својот локален тим во пресрет на почетокот на работењето на словенечкиот пазар, пренесува Taktik.si.
Александар Ангелов ја презема функцијата директор за продажба на компанијата во Словенија, каде што ќе биде одговорен за развојот на комерцијалното работење.
Во компанијата носи регионално искуство, добро познавање на локалниот пазар и докажани резултати во раководењето со продажни тимови, развојот на комерцијалното работење и зајакнувањето на соработката со клучните купувачи во различни компании, вклучувајќи ја и „Хенкел“.
Компанијата „Матони“ во Словенија, како дел од групацијата „Матони 1873“, од 1 јануари 2027 година ќе биде одговорна за целокупното производство, дистрибуција и продажба на портфолиото пијалаци на „ПепсиКо“ на словенечкиот пазар.
Заедно со локалниот тим, Ангелов ќе биде одговорен за развојот и спроведувањето на комерцијалната стратегија, како и за воспоставувањето и зајакнувањето на продажната организација.
Фокусот ќе биде ставен на градење долгорочни партнерства со купувачите, зајакнување на пазарната позиција и остварување одржлив раст.
„Нашата амбиција е да изградиме силно и одржливо работење што ќе придонесе за развојот на локалниот пазар. Притоа, пред сè, ќе се фокусираме на тоа да бидеме сигурен партнер за нашите купувачи“, изјави Александар Ангелов.
„Верувам дека со поврзување на експертизата на нашиот локален тим со регионалното искуство на групацијата „Матони 1873“ и со фокус на долгорочните партнерства со купувачите, ќе поставиме цврсти темели за заеднички раст“, додаде Ангелов.
Влезот на групацијата „Матони 1873“ на пазарите во Словенија и Хрватска претставува продолжување на проширувањето на работењето на оваа семејна компанија.
Групацијата денес работи во Чешка, каде што се наоѓа нејзиното седиште, како и во Словачка, Австрија, Унгарија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.