
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Меѓународната комуникациска групација „Акордиенс“ од 2 ноември работи под новото име „Грејлинг Груп“.
Новото раководство го предводи главната извршна директорка Сара Шолфилд, додека за раководење со работењето во Европа и на Блискиот Исток е именуван Џонатан Кертис.
Групацијата ја сочинуваат агенциите „Грејлинг“, „ЦДР“, „Ред Консалтанси“ и „Серкл“, кои работат преку 38 канцеларии ширум светот.
Компанијата вработува повеќе од 650 луѓе во Северна Америка, Обединетото Кралство, Европа, Блискиот Исток и Азија.
Агенциите во рамките на групацијата ќе ги задржат своите идентитети и специјализирани области на експертиза, додека тимовите и услугите ќе бидат потесно поврзани во согласност со потребите на клиентите.
Во новото раководство се и Тања Џозеф, извршна директорка за Обединетото Кралство, Џасмин Јап, извршна директорка за Азиско-пацифичкиот регион, како и Ести Пујадас, извршна директорка за Северна Америка.
Ним им се придружуваат и раководителите на одделните агенции и на клучните функционални области за поддршка.
Меѓу приоритетите на новата управа, како што истакнуваат од групацијата, се посилното поврзување на стратешкото советување, јавните работи и корпоративните комуникации, зајакнувањето на деловниот развој, инвестирањето во стручни кадри, како и развојот на капацитетите во областите на вештачката интелигенција, податоците и аналитиката.
„Новото раководство обединува силно локално лидерство со меѓународна експертиза, што ќе ни овозможи уште побрзо да одговараме на потребите на клиентите и подобро да ги искористиме знаењето и искуството што ги поседуваме во рамките на целата групација“, изјави Сара Шолфилд, главна извршна директорка на „Грејлинг Груп“.