
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Ошан Ритејл“ соопшти дека влегол во ексклузивни преговори со „Лидл“ за продажба на 17 супермаркети во Франција. Со овој проект се заокружува трансформацијата на мрежата супермаркети на компанијата во Франција, започната во ноември 2025 година.
Почнувајќи од 1 октомври 2026 година, 164 супермаркети во рамките на „А+Супер“, нов самостоен правен субјект во сопственост на „Ошан Ритејл Франција“, ќе работат како франшизи под брендовите Intermarché или Netto и ќе ги користат деловниот модел, алатките и логистичкиот синџир на „Групман Мускетер“. Промените на брендовите ќе се спроведуваат во последователни фази до мај 2027 година.
Дополнително, 72 супермаркети се продадени на членови на „Групман Мускетер“, а промените на брендовите и кај нив ќе се спроведуваат во последователни фази до април.
Продажбата на 17 супермаркети на „Лидл“ е предмет на одобрение од надлежните органи за заштита на конкуренцијата, а компанијата проценува дека трансакцијата би можела да биде реализирана во првиот квартал од 2027 година.
На крајот, 13 супермаркети, чии специфични карактеристики во однос на површината, локацијата и потенцијалот го оправдуваат тоа, ќе останат во рамките на „Ошан Ритејл Франција“, но ќе работат во други формати.
Бидејќи сега е пронајдено решение за секоја од 266-те опфатени интегрирани продавници, оваа трансформација не предвидува затворање на ниту еден објект, соопштија од компанијата.