
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најголемото спојување на малопродажни синџири во Естонија, меѓу „Кооп“ и „Призма“, достигна важна пресвртница откако на мрежата продавници на „Кооп“ ѝ се приклучи првиот хипермаркет на „Призма“.
Продолжувајќи го 26-годишното наследство на „Призма“ во Естонија и по спојувањето, продавницата Sikupilli, која работи 24 часа дневно, седум дена во неделата, доби ново име – Coop Peremarket.
„Отворањето на продавницата Sikupilli го означува почетокот на целосно ново поглавје за „Кооп“. Иако сме најголемиот малопродажен синџир во Естонија, никогаш досега не сме имале продавници со големина како денешните хипермаркети на „Призма“. Сега го отворивме првиот од нив како една од најголемите продавници за прехранбени производи во Талин“, изјави Кадри Агураиуја, претседателка на Управниот одбор на „Кооп Харју“.
„Бидејќи целта на спојувањето на „Кооп“ и „Призма“ е да ги обедини најдобрите страни на двата силни малопродажни синџири, сакавме тоа во иднина да се одрази и во имињата на досегашните најголеми продавници на „Призма“. „Призма“ беше дел од животот на жителите на Естонија 26 години, а со името Coop Peremarket свесно му оддаваме признание на доброто работење и ангажманот на вработените во компанијата“, објасни Раинер Рохтла, претседател на Управниот одбор на „Кооп Естонија“.
Хипермаркетите го сочинуваат најголемиот дел од продавниците на „Призма“ во Естонија. Од 13 продавници што се приклучуваат на „Кооп“, девет се хипермаркети. Додека првите четири продавници на „Призма“ што се приклучија на мрежата на „Кооп“ според големината одговараат на постојните продавници на „Кооп“, Sikupilli е првиот од петте хипермаркети што ќе продолжат да работат под името Coop.
Да потсетиме, „Кооп“ и финската малопродажна групација „СОК“ на 7 април годинава соопштија дека „Кооп“ ја купува „Призма Перемаркет АС“ и нејзините 13 продавници. Договорот склучен со „СОК“ опфаќа и соработка меѓу двете малопродажни групации, што ќе овозможи во продавниците на „Кооп“ да бидат воведени прехранбени и индустриски производи кои се широко познати и популарни во нордиските земји.
„Кооп Еести Кескихисту“ стана сопственик на „Призма Перемаркет“ и нејзините 13 продавници на 1 септември. Промените во мрежата продавници се спроведуваат постепено, со цел спојувањето на двата малопродажни синџири да помине што поедноставно и за вработените и за купувачите.
Досегашниот разновиден асортиман на „Призма“ ќе пристигне и во другите продавници на „Кооп“ низ Естонија во текот на првата половина од 2027 година. Истовремено, во досегашните продавници на „Призма“, меѓу другото, ќе бидат воведени и производите од сопствената трговска марка Coop.
Со оваа трансакција пазарниот удел на „Кооп“ најмногу ќе порасне во Талин, каде што ќе се зголеми од сегашните 5% на 17%, додека на ниво на цела Естонија ќе порасне од 23% на 28%.
„Харју Тарбијате Ихисту“, односно „Кооп Харју“, е задруга со најголем промет во синџирот „Кооп“. Приходите од продажба во 2025 година изнесуваа 159,2 милиони евра, што претставува раст од 3,7% во споредба со претходната година. Нето-добивката на задругата минатата година изнесуваше повеќе од 5 милиони евра.
Пред приклучувањето на продавниците на „Призма“, задругата управуваше со 28 продавници и вработуваше 580 лица. Во текот на 2025 година во продавниците на „Кооп Харју“ биле реализирани 10,9 милиони купувања.