
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Лидл“ го одбележа освојувањето на првото место во категоријата свеж леб и пекарски производи во Белгија со претставување лимитирано издание патничка перница во форма на својот најпродаван кроасан.
Според првото белгиско истражување за свежи производи, спроведено од агенцијата YouGov, „Лидл“ е оценет како најуспешен трговски синџир во однос на свежината и квалитетот на производите. Компанијата го освоила и првото место во категоријата „Леб и пекарски производи“.
Истражувањето опфатило повеќе од 3.000 белгиски потрошувачи, кои ги оценувале своите примарни и секундарни трговски синџири според десет критериуми, вклучувајќи ги квалитетот, свежината, цената, промоциите, асортиманот и одржливоста.
За да го прослави ова признание и љубовта на купувачите кон својата пекарска понуда, „Лидл“ подготви производ што ги спојува практичноста и хуморот.
NeckCroissant е исклучително мека патничка перница за врат во форма на препознатливиот кроасан на „Лидл“, наменета за сите што сакаат поудобен одмор за време на долги патувања со автомобил, авион или воз.
„Нашите купувачи го обожаваат одделот за свежи пекарски производи, а кроасанот од ден на ден е апсолутен бестселер. Многу сме горди што белгиските потрошувачи нè избраа за број еден во категоријата леб и пекарски производи“, изјави Ким Гејрнарт, портпаролка на „Лидл Белгија“.
„Со NeckCroissant сакавме на креативен начин да ѝ возвратиме на нашата заедница. Отсега можете да го понесете својот омилен кроасан на одмор како најмекиот можен сопатник“, додаде Гејрнарт.
Перниците не беа достапни за купување во продавниците, туку се доделуваа во ограничен број преку наградна игра што трговскиот синџир ја организираше на социјалната мрежа Instagram.