
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Крогер“ планира да укине околу 3.000 работни места во корпоративниот сектор во текот на следните три години, наведува извршниот директор Грег Форан во интерен допис до вработените, во кој увид имал Reuters.
„Крогер“ треба да го намали преклопувањето на работните задачи и да се приспособи на новите технологии“, напишал Форан во дописот, додавајќи дека намалувањето на бројот на работни места ќе ѝ помогне на компанијата да ги намали цените и да инвестира повеќе во вработените во продавниците.
Минатиот месец компанијата ја претстави својата стратегија за примена на вештачката интелигенција, која вклучува користење AI-модели за управување со работните процеси и употреба на податоците за потрошувачите за развој на алатки, како што е AI-асистент за купување.
Трговскиот синџир, исто така, ја намали годишната цел за раст на споредливата продажба и соопшти дека има намера да ги намали цените за да биде поконкурентен во однос на ривалите како „Волмарт“ и „Алди“, во период кога потрошувачите стануваат повнимателни со трошењето поради високите цени на горивата.
Да потсетиме, компанијата во вториот квартал пријави продажба од 34,6 милијарди долари (околу 29,8 милијарди евра), во споредба со 33,9 милијарди долари една година претходно.
Кога од пресметката ќе се исклучат горивата, продажбата на компанијата „Витакост“ и затворањето на одредени дистрибутивни центри, продажбата пораснала за 0,1% во споредба со истиот период претходната година.
Форан во дописот навел дека повеќе детали за отпуштањата, кои ќе опфатат околу 37% од вкупно 8.200 вработени во корпоративниот сектор, ќе бидат соопштени во наредните месеци.
Компанијата и во јуни минатата година укина околу 1.000 работни места во корпоративниот сектор.