
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Пиварницата „Ајхбаум“ соопшти дека на 30 септември го запрела производството, а планира сите останати активности да ги заврши најдоцна до крајот на годината, пренесува агенцијата dpa.
Како што пренесува агенцијата, без работа остануваат околу 180 лица, на кои, согласно договорот меѓу работодавачот и работничкиот совет, им е понудена социјална програма.
Пиварницата во Манхајм како правно лице започнала со работа во 1679 година. За стечајна постапка се пријавила во октомври минатата година, по долготрајниот пад на извозот и домашната побарувачка, што ја довело компанијата до неликвидност.
По консолидацијата, брендот Eichbaum ќе го преземе компанијата „Парк & Белхајмер“, која ќе продолжи да го продава, но само преку големопродажба, односно на угостители и препродавачи.
На почетокот на неделата слично соопштение објави и 299 години старата пиварница „Волтерс“ од Брауншвајг, по неуспешната потрага по капитал и влегувањето во стечајна постапка. Пиварницата засега не пронашла инвеститор кој би го презел брендот.
Според податоците на Сојузниот завод за статистика на Германија, продажбата на алкохолно пиво во земјата во 2025 година се намалила за 6%, на околу 7,8 милијарди литри, што е најниското ниво од почетокот на водењето на статистиката во 1993 година.