
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Фереро“ инвестира повеќе од 50 милиони долари (44,6 милиони евра) во поттикнување на растот во 2027 година, преку нови реклами за Kinder Bueno и Nutella, кои ќе се емитуваат за време на финалето на американскиот фудбал – Супербоул.
По успешното деби на кампањата за Kinder Bueno минатата година, која придонесе за раст на обемот на продажбата од 140% во споредба со претходната година, „Фереро“ повторно ќе се претстави на големиот спортски настан со нови кампањи за Kinder Bueno и Nutella.
Ова ќе биде прво појавување на брендот Nutella за време на Супербоул и претставува продолжување на силниот развоен замав по виралниот момент „Nutella in Space“ и успешното лансирање на Nutella Peanut, првата иновација на брендот во последните 60 години.
Оваа инвестиција се надоврзува на сè поголемото присуство на „Фереро“ во спортскиот маркетинг и ја проширува видливоста на брендовите надвор од традиционалните малопродажни и социјални канали, преку учество на еден од најгледаните настани во годината.
„Инвестиравме милијарди долари во плановите за раст во Северна Америка, а минатогодишната реклама покажа дека оваа стратегија дава резултати. Поттикнати од силниот интерес што го предизвика Kinder Bueno и успехот на Nutella Peanut, сега сме во позиција дополнително да ги зголемиме инвестициите за да ја забрзаме препознатливоста на нашето портфолио и да го зголемиме пазарниот удел во САД“, изјави Мајкл Линдзи, претседател и главен директор за деловно работење на „Фереро Северна Америка“.
Новите рекламни кампањи за Kinder Bueno и Nutella ќе бидат емитувани во живо за време на натпреварот што ќе се одржи на 14 февруари 2027 година.