
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Green-score на „Колрајт“, ознака која им помага на потрошувачите подобро да го разберат влијанието на производите врз животната средина, влегува во нова фаза – добива независна сертификација во согласност со новите законски барања во Белгија што се применуваат на еколошките ознаки.
Green-score сега е признаена како сертифицирана приватна ознака и е целосно усогласена со новото европско законодавство EmpCo, со што нејзиниот кредибилитет дополнително се зајакнува. Врз основа на анализа на животниот циклус на производот и различни дополнителни критериуми, на производите им се доделува оцена од A+ до F. Целта е информациите за влијанието врз животната средина да бидат подостапни и да им се помогне на потрошувачите секојдневно да носат поинформирани одлуки.
Денес Green-score е видлив на повеќе од 4.800 производи од сопствените трговски марки и на 11.000 производи од национални брендови, меѓу другото и на пакувањата на производите Boni.
Истовремено, „Колрајт“ го менува името на својата програма за лојалност интегрирана во апликацијата Xtra во „Секој чекор се брои“. Во рамките на апликацијата, купувачите можат да собираат поени кога избираат производи со Green-score оцени A+, A или B.
Поените потоа можат да се искористат во апликацијата и да се претворат во конкретно влијание – за поддршка на хуманитарна цел на „Колрајт Груп Фаундејшн“ во областа на животната средина, општеството или здравјето, за бесплатно добивање производ во некоја од продавниците на „Колрајт Груп“ или за бесплатно учество на инспиративен вебинар. Собраните поени можат да се заменат и за еднодневен билет за Jims. Минатата година купувачите на овој начин поддржале различни хуманитарни цели во повеќе од 65.000 наврати.
„Секој трет потрошувач сака да прави поодржливи избори, но не е секогаш едноставно да се спореди влијанието на производите врз животната средина. Со Green-score, „Колрајт“ им нуди едноставна и транспарентна алатка која им обезбедува подобри насоки при секојдневното купување. Оваа нова сертификација дополнително ја зајакнува довербата во ознаката. Со интегрирањето на Green-score во програмата за лојалност Xtra „Секој чекор се брои“, одиме чекор понатаму: купувачите кои прават поодржливи избори сега можат своите поени да ги претворат во конкретно влијание, на пример, со поддршка на хуманитарна цел, запознавање со инспиративна иницијатива или користење одредена поволност“, изјави Верле Попе, одговорна за Green-score во „Колрајт“.