
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Асда“ го заврши воведувањето на електронски цени во сите Asda Express продавници, продолжувајќи со инвестициите во технолошка модернизација на својата малопродажна мрежа.
Во соработка со компанијата „Вужн“ и партнерите „Реновотек“ и „ХЛ Дисплеј“, „Асда“ инвестирала повеќе од 7,5 милиони фунти, односно околу 8,7 милиони евра, во инсталирање повеќе од 1,2 милиони електронски ценовници во 517 Asda Express продавници.
Новата технологија ја елиминира потребата за рачна замена на повеќе од 120.000 хартиени ценовници секоја недела. Благодарение на тоа, вработените повеќе нема да мора рачно да ги менуваат цените на полиците, што им овозможува повеќе време да посветат на услужување на купувачите, подобрување на достапноста на производите и одржување на стандардите во продавниците.
Новите електронски ценовници овозможуваат појасен приказ на цените, единечните цени, тежината на производите и промотивните информации, што им го олеснува на вработените одговарањето на прашањата на купувачите директно на продажното место.
Купувачите ќе имаат пристап и до дополнителни информации за состојките и алергените кај производите, како што се пекарските производи, што ќе им помогне полесно да донесуваат информирани одлуки при купувањето.
„Завршувањето на воведувањето електронски ценовници во целата мрежа на нашите Express продавници претставува важна пресвртница. Со отстранувањето на потребата за рачно менување на цените, им ослободуваме повеќе време на вработените за работа со купувачите и за одржување високи стандарди во продавниците. Ова е уште еден пример како го модернизираме работењето за да го подобриме искуството при купувањето“, изјави Мет Харисон, директор за централни операции на „Асда Експрес“.
Во рамките на проектот, „Асда“ вовела и нова електронска ознака Vusion со големина од 2,6 инчи, со поквалитетен екран и подобра читливост за купувачите и вработените.
Компанијата истовремено тестира и камери за следење на достапноста на производите на полиците во пет поголеми продавници. Оваа технологија континуирано ги следи полиците и може да препознае празни места, недостиг на производи, ниски залихи или производи поставени на погрешна локација.
Кога системот ќе регистрира проблем, вработените автоматски добиваат известување за да можат побрзо да ги дополнат полиците, со што се подобрува достапноста на производите и се намалува можноста купувачите да не ги пронајдат посакуваните производи.