
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Асда“ го именуваше Дејвид Потс за нов извршен директор на групацијата, кој веднаш стапува на должност.
Истовремено, Алан Лејтон ја презема функцијата неизвршен претседател на групацијата, во согласност со претходно најавениот план.
„Многу сум возбуден поради именувањето на Дејвид за извршен директор на групацијата. Во текот на последните две години го стабилизиравме работењето, го вративме на патот на растот и почнавме да ја позиционираме „Асда“ како компанија што е ‘повеќе од супермаркет’ преку нашата стратегија Formula for Growth“, изјави Алан Лејтон.
Тој истакна дека Потс има исклучителни резултати во малопродажната индустрија и искуство што ѝ е потребно на компанијата за следната фаза од трансформацијата.
„Дејвид има исклучителни резултати во нашата индустрија, а неговото искуство е токму она што ни е потребно за следната фаза од нашата трансформација и за периодот што следува. Ќе ми биде задоволство да соработувам со него“, додаде Лејтон.
Новиот извршен директор Дејвид Потс изјави дека „Асда“ отсекогаш била компанија на која ѝ се восхитувал, но и со која со години се натпреварувал на пазарот.
„Нејзините вработени се исклучителни, меѓу најпосветените луѓе што сум ги запознал. Компанијата постигна добар напредок, но и понатаму постојат значајни можности за развој. Многу сум среќен и горд што Алан ме покани да го предводам тимот“, изјави Потс.
Тој нагласи дека обезбедувањето поволни цени за семејствата низ Обединетото Кралство отсекогаш било дел од идентитетот на „Асда“.
„Преку континуирано подобрување на искуството при купување, од недела во недела, што купувачите ќе можат да го видат и почувствуваат преку заштедите во својот буџет, ќе го ревитализираме работењето и ќе донесеме придобивки за сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги и нашите 116.296 вредни вработени“, порача Потс.
Во пресрет на божиќната сезона, тој истакна дека компанијата е целосно фокусирана на одржување ниски цени во овој важен период за купувачите.
„Божиќната сезона е пред нас и компанијата е целосно посветена на одржување ниски цени во „Асда“ во текот на овој важен период за нашите купувачи. Со нетрпение го очекувам почетокот на работата“, додаде Потс.