
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Карфур“ во Шпанија во првата половина од 2026 година оствари продажба од 5,73 милијарди евра, што претставува раст од 2,5% во однос на претходната година. Споредливата продажба (like-for-like, односно LFL) е зголемена за 2,7%.
Нето-приходите на компанијата на шпанскиот пазар изнесувале 5,3 милијарди евра, што претставува зголемување од 2,8% во однос на претходната година. Споредливата продажба во вториот квартал пораснала за 2,2%, при што продажбата на прехранбени производи е зголемена за 2,3%, а на непрехранбени производи за 2,2%.
Од компанијата ги истакнуваат добрите резултати на маалските продавници и онлајн-продажбата, како и растот на продажбата на свежи производи во хипермаркетите. Во текот на вториот квартал „Карфур“ отвори 44 нови продавници во Шпанија.
На крајот од јуни „Карфур“ имал вкупно 1.654 продавници во Шпанија, од кои 204 хипермаркети, 161 супермаркет, 1.219 маалски продавници и 70 дисконтни продавници Supeco.
Подобрена е и оперативната профитабилност. Редовната оперативна добивка достигнала 177 милиони евра, што претставува раст од 7,3% во однос на претходната година, додека оперативната маржа е зголемена за 14 базични поени, на 3,3%.
Во меѓувреме, програмата за лојалност Carrefour Club надмина 11 милиони членови, откако во текот на првите шест месеци од годината ѝ се приклучиле повеќе од 500.000 нови корисници.