
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Монделез интернационал“, глобалниот производител на брендовите како што се Milka, Oreo, Jacobs и Trident, во февруари најави промена на раководството во деловната единица „Монделез ЕАМ“, задолжена за источно јадранските пазари (Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Албанија).
„Монделез интернационал", глобалниот производител на брендовите како што се Milka, Oreo, Jacobs и Trident, во февруари најави промена на раководството во деловната единица „Монделез ЕАМ", задолжена за источно јадранските пазари (Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Албанија).
Петер Јагодиќ ќе биде новиот генерален директор на „Монделез интернационал" за источно јадранскиот регион, од 1 април годинава. По успешното напредување во компанијата „Монделез интернационал" (поранешен „Крафт фудс") во улога на генерален директор за словенечкиот пазар, како и на бројни одговорни функции во областа на продажбата, Јагодиќ продолжува со работата на реализација на амбициите поврзани со развој на тргувањето во источно јадранскиот регион.
„Монделез интернационал" е компанија што се развива и сите источно јадрански пазари нудат големи можности за пораст. Како светски лидери во производството на кондиторски производи, би сакале на нашите потрошувачи секојдневно да им овозможиме мали вкусни моменти на задоволство, во вид на омилените брендови – Milka,Toblerone, elVita и Barni, истакна новиот генерален директор на „Монделез ЕАМ".
| Петар Јагодиќ – биографија: Непосредно пред именувањето за генерален директор на „Монделез ЕАМ", Јагодиќ ја извршуваше функцијата раководител на продажба за пазарите на Србија и БиХ и правен застапник на компанијата. Тој ѝ се придружи на компанијата во 2009 година како менаџер за продажба и директор на словенечкиот пазар. Со словенечкиот тим постигна одлични резултати, како што е зголемувањето на пазарниот удел на чоколадото Milka од 44% на речиси 57% во 2014 година, развивање на брендовите бисквити и нивно позиционирање како водечки на пазарот за само три години, договарање на нови партнерства... Последната целосна година на оваа позиција, 2013 година, Јагодиќ ја заврши со пораст на нето-приходите за повеќе од 17%. Од 2014 година го презеде водењето на пазарот на Србија и БиХ. Потпирајќи се на петнаесетгодишното продажно и маркетиншко искуство, бележеше завидни финансиски резултати и зголемување на нето-приходот во Србија за речиси 18%. Пред доаѓањето во „Монделез", Јагодиќ работел девет години во „Хенкел" на бројни позиции од областите продажба и маркетинг во различни држави, а кариерата во таа компанија ја заокружи на позицијата директор на продажба за Словенија и Хрватска. |