
Од компанијата „Хенкел“ Србија соопштено е дека Кристоф Тил од 1 април ја презеде функцијата генерален директор на компанијата, како и директор на работниот сектор Детергенти и средства за домашна хигиена.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од компанијата „Хенкел" Србија соопштено е дека Кристоф Тил од 1 април ја презеде функцијата генерален директор на компанијата, како и директор на работниот сектор Детергенти и средства за домашна хигиена.
Во рамките на новите должности, со својот тим во секторот Детергенти и средства за домашна хигиена Тил ќе биде одговорен за работењето на пазарите во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и за брендовите како што се Merix, Persil, Mer, Bref, детски сапуни и др.
Тил на оваа позиција го наследува Георг Грасл, кој од 1 април ги презеде новите должности во Виена на функцијата директор на секторот Детергенти и средства за домашна хигиена за пазарите во Австрија. На оваа позиција доаѓа од функцијата директор на работниот сектор Детергенти и средства за домашна хигиена на компанијата „Хенкел", за јадранскиот регион, што ги опфаќа Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Во својата долгогодишна кариера во компанијата, Тил се стекна со искуство од областа на националниот и меѓународниот маркетинг, како и искуство во продажбата на пазарите во Австрија, Германија, Турција и јадранскиот регион, вршејќи ја функцијата директор на менаџментот за клучните купувачи како и менаџер за стратешкото работење за регионот средна и источна Европа. Дипломирал економија и работна администрација.