
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Изворот на митоксин е несоодветната сточна храна користена на сточните фарми. „Дукат“ го запира откупот на млекото од сите фарми кај кои е утврдена зголемена концентрација на митоксин. Производите кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин претставуваат изолиран случај, спорните производи се повлечени од пазарот и како такви не претставуваат опасност за потрошувачите.
Изворот на митоксин е несоодветната сточна храна користена на сточните фарми. Дукат го запира откупот на млеко од сите фарми кај кои е утврдена зголемена концентрација на митоксин. Производите кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин претставуваат изолиран случај, а спорните производи се повлечени од пазарот и како такви не претставуваат опасност за потрошувачите.
Причината за зголеменото ниво на микотоксин во свежото сирово млеко кое се собира од домашните фарми е во несоодветната сточна храна – концентрираните смеси, осебно во пченката, која произведувачите на млеко ја користат за исхрана на кравите во сопствените фарми, појаснуваат од „Дукат".За да се спречи откупот на ваквото млеко и негова понатамошна обработка, компанијата го запре откупот на млеко од сите фарми, кај кои се утврдува зголемена концентрација на микотоксин.
Контролата на нивото на микотоксин во свежото сирово млеко кое се испорачува од млечните фарми е во надлежност на Ветеринарната инспекција при Министерството за земјоделство на Република Хрватска, а пропишана е со план на службени контроли.
„Со оглед на тоа дека се работи за пропишани контроли на Ветеринарната инспекција, но кои се со недоволна динамика, Дукат А.Д. уште при крајот на минатата година инвестираше во сопствени аналитички уреди на своите производни локации, кои ќе бидат ставени во употреба веќе во текот на наредните неколку денови, а со нив брзо и ефикасно ќе се контролира, меѓу другото, и нивото на микотоксин во млекото. Веруваме дека овој изолиран случај на сомнеж за зголемено ниво на микотоксин во домашното свежо сирово млеко ќе придонесе за унапредување на контролата на квалитетот на млечната сировина во Република Хрватска, а со тоа и за зголемување на сигурноста на потрошувачите", соопштија од компанијата.