
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сосема е сигурно дека БиХ од 1 јули, кога Хрватска станува полноправна членка на ЕУ, не ќе може да извезува производи од животинско потекло на овој пазар. Дури на почетокот на 2014 година, БиХ би можела да ги исполни страндардите потребни за производите од животинско потекло да се најдат на пазарот на ЕУ.
Сосема е сигурно дека БиХ од 1 јули, кога Хрватска станува полноправна членка на ЕУ, не ќе може да извезува производи од животинско потекло на овој пазар. Дури на почетокот на 2014 година, БиХ би можела да ги исполни страндардите потребни за производите од животинско потекло да се најдат на пазарот на ЕУ.
Компаниите што сакаат да извезуваат риби, млечни производи, живина и јајца во ЕУ треба да бидат наведени според соодветната одлука на Европската комисија. Таа подразбира позитивни наоди од ревизијата на Канцеларијата за животни прехранбени производи и ветеринарство (ФВО), како и усвојување на планот на следење од страна на комисијата. ФВО нема да даде поединечна согласност на компаниите за извоз, но ќе ги оценува можностите за контрола на животните производи што ги исполнуваат здравствените и ветеринарските стандарди еквивалентни на прописите на ЕУ. Комисијата таквите заклучоци ќе ги донесе врз основа на обиколувањето на одредени објекти, анализи на законските прописи и нивната примена во земјата.
Поранешните искуства говорат дека одреден производ добива дозвола за извоз во рок од шест месеци до една година од денот на завршувањето на мисијата на ФВО во земјата, под услов извештајот да биде позитивен. Оваа мисија во БиХ сè уште не е пристигната.

Љубомир Калеба, директор на канцеларијата за ветеринарство БиХ (на сликата) вели: Барање за контрола на ФВО им испративме во декември минатата година и логично е дека нè нема во нивниот годишен план што се прави многу порано, додавајќи дека постои можност тие да дојдат до април оваа година.
Да потсетиме, БиХ по 1 јули оваа година не ќе може да извезува голем дел од производите од животинско потекло во Хрватска затоа што оваа земја ќе биде полноправна членка во ЕУ во која ќе важат исклучиво европските закони и стандарди. Одредени производи од животинско потекло што потекнуваат од одредени објекти во БиХ, а кои не ги задоволуваат стандардите на ЕУ, можат да се извезуваат во Хрватска врз основа на привремена одлука на хрватскиот министер за земјоделство. Овој исклучок е воведен со цел да се одржи традиционалниот извозен тек меѓу Хрватска и БиХ.
Хрватска е еден од главните трговски партнери на БиХ. Увозот од Хрватска во 2010 година изнесуваше 15,12 отсто од вкупниот извоз во БиХ, додека извозот претставуваше 15,09 отсто од вкупниот извоз од БиХ. Доколку ситуацијата остане непроменета и по влегувањето на Хрватска во ЕУ, БиХ во оваа земја ќе може да извезува само риба и сурова кожа, односно единствените два производа за кои, во моментов БиХ ги исполнува условите.
Според условите на Европската комисија термички обработеното млеко и производите од термичко обработеното млеко можат да се извезуваат на пазарите во Европската унија. Во исто време, само Европската комисија може да го процени прифатливото ниво на термичка обработка. Млекото и млечните производи на влезот во ЕУ ги контролираат инспекциските служби.