
DLG (Deutsche Lebensmittel Gesellschaft), европската институција за тестирање на квалитетот на прехранбените производи, на млечните производи и функционалните сокови на „Виндија“ им додели 14 златни и еден сребрен медал.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
DLG (Deutsche Lebensmittel Gesellschaft), европската институција за тестирање на квалитетот на прехранбените производи, на млечните производи и функционалните сокови на „Виндија" им додели 14 златни и еден сребрен медал.
Млечните производи на „Виндија" освоија седум златни медали. Закитени производи се: пудинзите од ванила и чоколадо, шејкот од ванила, летното издание на јогуртот Freska и јогуртот Fortia во комбинација од сливи и житарки.
Млекото 'Z bregov освои три златни медали, од кои две им припаднаа на свежите млека со рок на траење 21 ден, а третиот медал го освои трајното млеко 'Z bregov со 2,7% млечна масленост. Истовремено, наградено е и козјото млеко 'Z bregov.
Сребрениот медал го освои пробиотичкиот јогурт Vitaktiv, додека од асортиманот на сокови, со злато се наградени функционалните производи - GI Control со вкус на малина и Iso-sport лимон и цреша.