
Лутиот кечап и ултралутите кечап и мајонез на компанијата „Звијезда“ од неодамна се присутни на полиците на супермаркетите „Лоте“ (Lotte), најголемиот трговски синџир во Јужна Кореја.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Лутиот кечап и ултралутите кечап и мајонез на компанијата „Звијезда" од неодамна се присутни на полиците на супермаркетите „Лоте" (Lotte), најголемиот трговски синџир во Јужна Кореја.
За пазарот со потенцијал од околу 50 милиони луѓе, компанијата подготви три производи, адаптирани на спецификите на вкусот на Јужнокорејците: Zvijezda Hot Ketchup (500 g), Ultra Hot Ketchup (500g) и Ultra Hot Chilli majoneza (400g).
Многу сме горди што нашите производи си го најдоа својот пат до јужнокорејските потрошувачи и што успеавме да ја приспособиме нашата традиционална рецептура на нивниот вкус. Водевме сметка за склоноста на тамошните потрошувачи кон лута и поинтензивно зачинета храна, вели Крешимир Станичиќ, директор за извоз во „Звијезда".
„Лоте" е мултинационална корпорација и осми по големина деловен субјект во Јужна Кореја, чии основни дејности се производството на храна и трговија со прехранбени производи, во чиј состав се 60 компании од 15 земји, со вкупно 180.000 вработени.
Извозот и дистрибуцијата на производите на „Звијезда" во Јужна Кореја се реализирани во соработка со водечката светска компанија за развој на приватни трговски марки „Дејмон ворлдвајд", а производите се дистрибуирани до 100 супермаркети „Лоте".