
Трговскиот синџир „Лидл“ – Хрватска ја почна програмата Start@Lidl која нуди можност за вработување на младите и нивен развој на различни позиции во компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Лидл" – Хрватска ја почна програмата Start@Lidl која нуди можност за вработување на младите и нивен развој на различни позиции во компанијата.
На прес-конференцијата претставници од трговскиот синџир „Лидл" – Хрватска ја претставија програмата за вработување Start@Lidl преку која ќе се вработат десетина млади луѓе, и тоа во рамки на три различни програми. Целта е преземање на соодветни работни места по завршувањето на програмата и развој на кариерата во оваа компанија. Вработениот кандидат ќе добие соодветно школување со поддршка од ментор, кој ќе ги подготви за преземање на позициите во одреден оддел во „Лидл". Предвидени се и дополнителни едукации од стручните области што се потребни за доусовршување. Освен вредното искуство во меѓународна компанија и можност за постојано работно место, а во согласност со еден од корпоративните вредности на „Лидл" – праведноста, за време на обуката кандидатите ќе добиваат бруто-плата – минимално 1066 евра.
Постапката на избор на пријавените ќе се одвива во неколку фази, а десетина од нив ќе добијат можност да работат во „Лидл" – Хрватска. Кандидатите ќе се вработат во следните сектори: помлад специјалист – усовршување во одредена област, приправник во маркетинг и приправник во подажба и логистика.
Освен воведната едукација наменета за сите вработени, „Лидл" има програми насочени кон целни групи, на пример: „Дуална студија за млади", „Развој на потенцијалите на менаџерите во продавиците" и др. Годинава во фокус се иницијативи за здравјето и рамнотежата меѓу приватниот и семејниот живот на вработените.