
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Изборот за производ на годината прв пат е организиран во Франција пред 25 години, а победникот во поединечните категории е избран од репрезентативен примерок на купувачи. Станува збор за доделување на една од најголемите награди за иновативен производ што денес се организира во 28 земји во светот, а по Словенија, најавено е доаѓање и во Хрватска и Србија.
Изборот за производ на годината прв пат е организиран во Франција пред 25 години, а победникот во поединечните категории е избран од репрезентативен примерок на купувачи. Станува збор за доделување на една од најголемите награди за иновативен производ што денес се организира во 28 земји во светот, а по Словенија, најавено е доаѓање и во Хрватска и Србија.
На церемонијата одржана во љубљанскиот хотел „Плаза", прогласени се победниците во различни категории на производи од FMCG секторот за кои гласале домашните потрошувачи. Во Словенија овој избор е организиран од страна на „Продукт лета", чиј сопственик и директор Грегор Горенц, е носител на лиценцата за земјите од поранешна Југославија. Доделувањето на „Производ на годината" ќе биде организиран и во Хрватска во 2014 година, а потоа и во Србија.
Конкуренцијата за оваа година ја сочинувале домашни и странски компании што во последните 36 месеци лансирале нов или редизајниран производ. Во соработка со „АЦНиелсен", анкетираните потрошувачи дадоа свој суд за 49 производи во 16 различни категории од FMCG секторот.
Странските брендови доминираат во листата во однос на 70 наспроти 30.
| Победниците на својата амбалажа ќе имаат можност да истакнат натпис „Производ на годината", а словенечките потрошувачи се одлучија за следните производи:Glade Discreet (освежувач на воздухот) Helios Spektra Fresh&Easy (бои и лакови)Nivea Pure & Natural (нега на лицето)Nivea Body Smooth Milk (нега на телото)Natural Libresse Ultra Normal Clip (хигиенски влошки)Philips Satin Perfect linija HP657x (депилатори)Philips Senso Touch 3D linije RQ12xx (апарати за бричење)Aquafresh Tooth&Tongue (четкичка за заби)Vademecum 2in1 XXX Fresh (класична паста за заби)Interdental Sensodyne Pronamel Gentle Whitening (паста за белење на забите)Sensodyne Repair & Protect (паста за чувствителни заби)Sonicare Diamond Clean (електрична четка за заби)Monte iz Zotta 150g (млечни десерти)Sveži voćne knedle Divita (кнедли) |