
Вкупното количество на собрано кравјо млеко во Хрватска во јануари беше за 3,1% помалку од истиот месец минатата година, а производството на млеко за пиење опадна за 30,1%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вкупното количество на собрано кравјо млеко во Хрватска во јануари беше за 3,1% помалку од истиот месец минатата година, а производството на млеко за пиење опадна за 30,1%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Во Хрватска, во првиот месец од 2014 година собрани се 44.909 тони кравјо млеко, што е за 1.425 тона помалку од јануари 2013 година. Во однос на просекот од 2013 година, кога месечно се собираше по 41.988 тони кравјо млеко, во јануари оваа година собрано е 7% повеќе млеко.
Статистичките податоци покажуваат дека во јануари оваа година, во однос на истиот месец од минатата година, намалено е и производството на ферментираните производи и павлака, а се забележува пораст во производството на путер и кравјо сирење. Производството на путер забележа пораст за 26,2% на 482 тони, а на кравјо сирење за 0,9% на 2.386 тони.