
Министерството за економија ја распушти комисијата за избор на стратешки партнер на „Бадел 1862“. Овaа одлука доаѓа откако „Метеор груп“ откупи 67,5 отсто од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Министерството за економија ја распушти комисијата за избор на стратешки партнер на „Бадел 1862". Овaа одлука доаѓа откако „Метеор груп" откупи 67,5 отсто од компанијата.
Министерството за економија ја извести управата на „Бадел 1862" дека е потребен нов повик за стратешки партнер, со скратени рокови за спроведување и јасно и објективно поставување на критериумите за осигурување на еднакво постапување кон сите потенцијални понудувачи. Реакцијата на Министерството доаѓа откако „Метеор груп" објави дека во претстечајната постапка поседува две третини од побарувањата на доверителите на „Бадел 1862" и дека има доволно гласови самостојно да одлучува за иднината на оваа компанија.
Како што е наведено во соопштението на Министерството, комисијата не можела да донесе одлука за избор на стратешки партнер со оглед на тоа што не е утврдена доверителската положба на „Метор груп", а предупредуваат и на нелојално постапување од страна на „Метеор груп".
Да потсетиме, на 11 мај, „Бадел 1862" објави повик за стратешки инвеститор за активно вклучување во финансиско и во оперативно реструктурирање во рамките на претстечајната постапка. За евалуација на понудите и за избор на инвеститорите, на 23 мај, министерството ја основаше комисијата за оцена на мерките на реструктурирање во претстечајната постапка. Во вториот круг на преземање влегоа „Метеор груп" и „Ст. Николус".
Во меѓувреме, „Метеор груп" освен обврзувачката понуда кон државата, истовремено ги откупуваше и побарувачките на доверителите, со што објави дека поседува 67,5 отсто од компанијата и доби предност пред словачката компанија.