
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Договорот меѓу „Агрокор“ и конзорциумот од 12 сопственици на „Меркатор“ за заклучување на трансакцијата на поголемиот дел од акциите на словенечката трговска компанија, сè уште не е постигнат. На четврти февруари беше постигнат принципен договор, според кој рокот за постигнување на спогодба за реконстрирање на долговите на „Меркатор“ се продолжува до крајот на февруари.
Договорот меѓу „Агрокор" и конзорциумот од 12 сопственици на „Меркатор" за заклучување на трансакцијата на поголемиот дел од акциите на словенечката трговска компанија, сè уште не е постигнат. На четврти февруари беше постигнат принципен договор, според кој рокот за постигнување на спогодба за реконстрирање на долговите на „Меркатор" се продолжува до крајот на февруари.
Надзорниот одбор на „Пивовара Лашко" даде согласност за продолжување на преговорите на „Агрокор" со банките, како и за продолжување на активноста на Управата за реализирање на трансакцијата. Ако е потребно, за тоа веднаш треба да се извести Управниот одбор на итна седница, беше наведено во соопштението на „Пивоварна Лашко". Рокот за реализација на трансакцијата на акции, договорен минатата година е 45 денови.
Според пишувањето на словенечките медиуми, крајниот рок за завршување на трансакцијата меѓу „Агрокор" и продажниот конзорциум на „Меркатор" останува до 31 март, како што беше договорено со купопродажниот договор од јуни минатата година, а реконструкцијата на долгот е предуслов за завршувањето на целата трансакција.