
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Јамница“ што работи во рамки на концернот „Агрокор“, минатата година оствари нето-добивка од 45,8 милиони евра, што претставува пораст во однос на 2012 година, кога добивката изнесуваше 16 милиони евра, стои во финансискиот извештај на компанијата, објавен на Загрепската берза.
Компанијата „Јамница" што работи во рамки на концернот „Агрокор", минатата година оствари нето-добивка од 45,8 милиони евра, што претставува пораст во однос на 2012 година, кога добивката изнесуваше 16 милиони евра, стои во финансискиот извештај на компанијата, објавен на Загрепската берза.
Најголемо влијание за остварената добивка, како и на вкупните приходи имаше продажбата на линијата на овошни сокови Juicy, во износ од 38 милиони евра, објаснува менаџментот на „Јамница". Вкупните приходи на компанијата минатата година изнесуваа 0,24 милијарди евра, што е за 25,2% повеќе од 2012 година. Приходите од продажбата се зголемени за 24,4%.
Вкупниот расход на „Јамница" забележа пораст од 7%, на 0,18 милијарди евра. Материјалните трошоци се зголемени за 10,5%, на 0,13 милијарди евра, а трошоците на персоналот се намалени од 26,9 милиони евра во 2012 година, на 25,8 милиони евра во 2013 година. Пад бележи и финансискиот расход за 41,8%, на 1,5 милиони евра.
Од „Јамница" наведуваат дека компанијата во 2013 година ќе продолжи со вложување во развојот на новите производи, што е во склад со долгорочната стратегија за развој на компанијата.