
Продажбата на словенечката „Раденска“ ќе биде завршена во втората половина од оваа година, изјави директорот на компанијата, Милан Хојник, за бизнис-дневникот „Финанце“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продажбата на словенечката „Раденска" ќе биде завршена во втората половина од оваа година, изјави директорот на компанијата, Милан Хојник, за бизнис-дневникот „Финанце".
„Пивоварна Лашко", во чиишто рамки функционира и „Раденска", крена постапка за продажба на „Раденска" во септември минатата година, а во февруари е заклучен и продолжениот рок за собирање обврзувачки понуди.
Хојник рече дека заклучувањето на целата постапка, спротивно на најавите дека ќе биде порано, се очекува во втората половина на годината и дека идната организација на работата во компанијата ќе зависи од стратегијата на новиот сопственик и неговото вклучување на словенечкиот пазар.
Уверен сум дека за судбината на „Раденска", поради нејзината традиција, одличните трговски марки, афирмираните производи и знаењето на вработените, не треба да стравуваме, рече Хојник.
Обврзувачка понуда за купување на „Раденска" даде чешката компанија „Кофола", што со своите 700 вработени е втора најголема компанија за полнење и продажба на пијалаци, а според „Финанце", понуда дала и компанијата „Кока-Кола Хеленик".