
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во согласност со решението на Агенцијата за заштита на пазарното наддавање (АЗТН) со кое се оценува условно допуштената концентрација што настанува со стекнување на директна контрола на „Агрокор“ врз „Меркатор“, понудена е продажба или закуп на 95 продавници во Хрватска на „Конзум“ и на „Меркатор“, со вкупна површина поголема од 100.000 квадратни метри.

Во согласност со решението на Агенцијата за заштита на пазарното наддавање (АЗТН) со кое се оценува условно допуштената концентрација што настанува со стекнување на директна контрола на „Агрокор" врз „Меркатор", понудена е продажба или закуп на 95 продавници во Хрватска на „Конзум" и на „Меркатор", со вкупна површина поголема од 100.000 квадратни метри.
Вкупно 48 продавници на „Конзум", 24 на „Меркатор" и 23 продавници на „Меркатор-Гетро" се во понудата за продажба или за закуп. Продавниците на „Конзум" што се во понудата главно се наоѓаат во Загреб и загрепската жупанија, а во понуда се и големите центри кеш & кери „Гетро" во Загреб и поголемите центри на „Меркатор" во Славонија, како и некои поранешни продавници „Лобода" од Голема Горица и „Пресофлекс" од Пожега.
Заинтересираните претпријатија треба испратат писмени барања до 18.08,2014 година, преку препорачана пошта на адресата на советникот: ДОО „Капер", ул „Кнез Борна" 5/11, 10000 Загреб, со назнака „Писмо со намера", а скенираниот примерок да се испрати на е-меил: dlulic@caper.hr.
По пристигнувањето на писмата, понудувачите ќе добијат Договор за доверливост. Непосредно по потпишувањето на договорот за доверливост, понудувачот ќе добие Процесно писмо со детални упатства за понатамошно продолжување на процесот. Понудувачот не смее да биде личност поврзана со „Агрокор" или со „Меркатор" или со членовите на управите и мора да располага со финансиски средства, врз основа на кои може да се претпостави дека ќе може да работи на пазарот, се наведува во соопштението на „Конзум".