
„Меркатор“ отвори две нови продавници од форматот „сосед“, и тоа обновениот маркет „Маја“ во Марибор и маркетот на ул. „Маршал Тито“ бр.79 во Јесенице.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Меркатор" отвори две нови продавници од форматот „сосед", и тоа обновениот маркет „Маја" во Марибор и маркетот на ул. „Маршал Тито" бр.79 во Јесенице.
Маркетот „Маја" на ул. „Врбанска" бр.3 во Марибор, се простира на 305 квадратни метри, а за услугата се грижат 17 вработени. Целата опрема во маркетот е нова, а нови се и пекарниците и месарницата кои имаат подобрен асортиман на производи.
На одделението за овошје и зеленчук додадени се полици за сезонски производи, одделението за деликатеси збогатено е со свежи и пакувани производи. Новост во маркетот е понудата на еко-производи.
Маркетот на ул. „Маршал Тито" бр.79 во Јесенице се простира на 478 квадратни метри, а во него вработени се 19 луѓе. И во него се воведени новитетите како и во маркетот „Маја".
Од „Меркатор" најавуваат отворање на уште неколку продавници, како продолжување на овој концепт и тоа на 19.02 во Изола, на 26.02 во Подпеци и на 13.03 во Кобарид.