
Некогашното „царство на добрата храна“, месната индустрија „29 Новембар“ од Суботица, и физички замина во историјата откако беа продадени фабричките хали и продавницата во Суботица
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Некогашното „царство на добрата храна", месната индустрија „29 Новембар" од Суботица, и физички замина во историјата откако беа продадени фабричките хали и продавницата во Суботица.
Нов сопственик на производствениот комплекс е компанијата „Ал пак", која го купи за цена од 750.000 евра, а купувач на продавницата во Суботица, за цена од 41.000 евра, е комапнијата „Месопромет".
Непродадена остана продавницата во Бачка Топола, за која не се нашол заинтересиран купувач. Претходно опремата беше продадена како старо железо, за цена од 401.000 евра.