
Вкупните приходи на „Ледо“ остварени во 2012 година изнесуваат 1,23 милијарди куни, а во споредба со минатата година намалени се за 1,9 отсто.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вкупните приходи на „Ледо" остварени во 2012 година изнесуваат 1,23 милијарди куни, а во споредба со минатата година намалени се за 1,9 отсто.

„Ледо" од составот на „Агрокор" минатата година оствари добивка пред оданочување од 161,4 милиони куни, што е пораст од пет отсто во однос на годината претходно, е објавено во неревидираниот извештај од Загрепската берза.
Основни карактеристики во 2012 година се порастот на добивката, падот на вкупните приходи со истовремен пораст на приходите од продажбата на домашниот пазар и падот на вкупните расходи, е наведено во извештајот.
Во „Ледо" велат дека падот на вкупните приходи и расходи во најголем дел е предизвикан од промената на продажната политика. Во претходните години, набавката на стока од странство се одвивала од централниот „Ледо", а во 2012 година, набавката самостојно ја извршуваат компаниите на „Ледо". На тој начин забележан е пад на приходите и извозот поврзан со претпријатијата во странство.