
Завршувањето на изградбата на фабриката на „Атлантик група“ за производство на енергетски барови Multipower во Нова Градишка, што почна во јули оваа година, се очекува да заврши кон крајот на октомври.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Завршувањето на изградбата на фабриката на „Атлантик група" за производство на енергетски барови Multipower во Нова Градишка, што почна во јули оваа година, се очекува да заврши кон крајот на октомври.
Почетокот на пробното производство е планирано за почетокот на следната година, пренесува „Вечерњи лист". Вработени се и привите триесетина работници, а наскоро се очекуваат и идни вработувања. Проектот е вреден околу 15,7 милиони евра, што во првата година ќе отвори 50, а со планираниот пораст на продажбата и до 160 работни места.
Во Нова Градишка наидовме на големо разбирање од претставниците на локалната заедница. Наше големо задоволство е што имаме можност да работиме на проширување на работењето, како и што со тоа допринесуваме во развојот на оваа индустриска зона, изјави за „Вечерњи лист" Емил Тедасчи.