
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претседателот на Стопанската комора на Србија, Жељко Сертиќ, вчера во амбасадата на Србија во Москва, ја отвори презентацијата на српските производи од секторот храна и пијалаци, што е отворена со цел да се зголеми извозот на тие производи на рускиот пазар.
Претседателот на Стопанската комора на Србија, Жељко Сертиќ, вчера во амбасадата на Србија во Москва, ја отвори презентацијата на српските производи од секторот храна и пијалаци, што е отворена со цел да се зголеми извозот на тие производи на рускиот пазар.
Во изјава за „Танјуг" Сертиќ рече дека презентацијата е организирана во соработка со Министерството за надворешна и внатрешна трговија на Србија, а околу 30 претпријатија ги претставија своите извозни потенцијали.
На презентацијата присуствуваа неколку трговски синџири од Москва и од други региони, како и претставници од големопродажбата што веќе соработуваат со производителите од Србија. Тука имавме можност да се запознаеме со предностите, но и со проблемите при излезот на производите на рускиот пазар, изјави претседателот на Стопанската комора.