
По два месеца работа, во Пула е отворен преуредениот супермаркет на трговскиот синџир „Била“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По два месеца работа, во Пула е отворен преуредениот супермаркет на трговскиот синџир „Била".
Трговецот од понудата ги издвојува одделите со свежо месо, леб и пецива, овошје и зеленчук, како и млеко и млечни производи. Во сегментот деликатеси потрошувачите можат да најдат готови јадења, сендвичи, салати, печено месо и прилози.
Од трговскиот синџир потсетуваат дека трговската марка Clever е застапена во сите групи на производи.
Овој супермаркет почна со работа во 2001 година.