
Компанијата ДМ ги претстави резултатите од работењето на пазарите во Хрватска и Босна и Херцеговина.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата ДМ ги претстави резултатите од работењето на пазарите во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Хрватска
Во деловната година 2013/2014 г. ДМ во Хрватска оствари вкупен промет во износ од околу 256,6 милиони евра, што претставува пораст од 0,48 отсто.
Во изминатата деловна година инвестиравме околу 5,17 милиони евра во отворање и модернизација на нашите продавници, со што отворивме 72 нови работни места, нагласи Мирко Мракужиќ, директор на ДМ.
Според резултатите од истражувањето на агенцијата „Ипсос Плус" купувачите во голема мера му се лојални на ДМ, поради добриот квалитет и цените на трговските марки на ДМ. Во минатата деловна година уделот на трговските марки во вкупниот промет изнесува 26%.
Други најчести причини за лојалност на купувачите е добриот однос на ДМ кон вработените што е препознаено и од испитаниците во истражувањето на порталот „Моја работа". Петта година по ред ДМ е прогласен за најпосакуван работодавец во Хрватска. Пресуден фактор за ова е хармоничниот однос на работното место, висината на платата и дополнителните погодности и сигурност на работното место.
Во ДМ во Хрватска работат 1.295 вработени во 154 продавници во 60 градови. Во следната деловна година целта на ДМ е да работи во 160 продавници и да инвестира дополнителни 6,53 милиони евра.
Босна и Херцеговина
Наспроти турбулентното деловно опкружување и економската ситуација, ДМ и во осмата година од своето работење во БиХ бележи одлични деловни резултати. Во минатата година остварен е вкупен промет од околу 53,4 милиони евра, што во споредба со минатата година претставува пораст од 9%. И во оваа година продолжуваме со ширење на продажната мрежа, што е збогатена со нови продавници во Сараево и Сански Мост. На граѓаните во БиХ на располагање им се вкупно 55 продавници уредени во согласност со високите стандарди на ДМ. Минатата година компанијата отвори 30 нови работни места, така што бројот на вработените е зголемен на 463 работници.
Минатата година остваривме одлични резултати. Во ДМ својот успех не го мериме само со економски показатели, туку и со реализираните активности што трајно допринесуваат кон целите на општеството. Исто така, исклучителна важност им даваме на зголемувањето на задоволството на нашите купувачи, но и на вработените и на доставувачите. Нашата компанија е тука поради луѓето. Човекот, како купувач, како вработен и како деловен партнер, со своите индивидуални потреби е во центарот на работењето на ДМ. Врз основа на неговите потреби и неговите желби ги обликуваме нашето работење и стратегија, нашата понуда, услуги и интерните процеси, изјави директор на ДМ, Дамир Шлосел.
Во текот на минатата година ДМ во БиХ издвои околу 173,8 илјади евра во активности областа на општествената одговорност. Најголем дел е наменет за помош на домаќинставата и институциите од поплавените подрачја, од кои 70% веќе се реализирани, а останатиот дел ќе се реализира до крајот на годината.