
„Делта холдинг“ во наредниот период ќе почне со реализација на големи инвестиции. Израелскиот архитект Ами Мур ги претстави двете најзначајни проекти: трговски центар „Делта планет“ и новата деловна зграда на „Делта холдинг“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Делта холдинг" во наредниот период ќе почне со реализација на големи инвестиции. Израелскиот архитект Ами Мур ги претстави двете најзначајни проекти: трговски центар „Делта планет" и новата деловна зграда на „Делта холдинг".
„Делта планет", лоциран во белградската населба Автокоманда, ќе биде еден од најголемите и најексклузивните трговски центри во регионот. На вкупна површина од 172.000 квадратни метри „Делта планет" ќе обезбеди понуда што ќе ги задоволи очекувањата на сите старосни групи. Во компанијата веруваат дека „Делта планет" во архитектонска смисла, со решение кое ќе има мултимедијална фасада и зелен парк на последното ниво од трговскиот центар, ќе биде знак за препознавање на Белград и на Србија. Исто така, ќе бидат задоволени сите стандарди за „зелено градење", односно ќе се обезбеди највисоко ниво на еколошка заштита на околината.
„Делта планет" ветува интересен спој на понудени содржини, вклучувајќи најмодерни кино-сали, куглана, како и паркинг-простор од 2.500 места. Вкупната вредност на инвестицијата за овој објект изнесува околу 200 милиони евра.
Новата деловна зграда на „Делта холдинг" е планирана да биде до хотелот „Краун плаза" во Нов Белград. Ќе има вкупно 20.000 квадратни метри. Инвестицијата за оваа деловна зграда изнесува 25 милиони евра, а почетокот на изградбата се очекува ова лето.
| Резултати од работењето во првиот квартал од 2015 година Во првото тримесечје од 2015 година „Делта холдинг", во однос на истиот период минатата година, забележа подобрување во работењето според сите параметри. Вкупниот приход порасна за 9,4% и изнесува околу 111,3 милиони евра. Особено е видлив порастот на оперативниот профит пред оданочувањето кој е зголемен за 23,1% и изнесува 12,7 милиони евра. Најголем дел од приходите е остварен во „Делта аграр" (62%), а потоа во „Делта ДМД" (22%). Во аграрниот сектор забележан е и најголемиот пораст на извозот од 155%. Извозот достигна 13,4 милиони евра. |