
Извршната директорка на новиот покриен пазар „Бар маркет“ во Бар, Татјана Флегонтова, рече дека објектот ќе биде отворен до крајот на годината и редовно ќе вработува 20 луѓе, а привремено уште 200 луѓе.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Извршната директорка на новиот покриен пазар „Бар маркет" во Бар, Татјана Флегонтова, рече дека објектот ќе биде отворен до крајот на годината и редовно ќе вработува 20 луѓе, а привремено уште 200 луѓе.
Бар е големо туристичко место кое заслужува неговите жители и гости да имаат сигурна и свежа храна. Во соработка со општината и државата им го овозможивме и тоа, рече Флегонтова и нагласи дека градењето се реализира со локални сили.
„Бар маркет" се простира на површина од 5.000 квадратни метри ја има сета потребна опрема, вклучувајќи го и ХАСАП стандард за сигурност на храната, нуди повеќе од 140 продажни места и голем паркинг простор.