
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Почитувањето на член 11 од Законот за заштита на потрошувачот, вклучува обврска за истакнување не само на информации за цената, видот и називот на производот, туку и за цената по единица мерка. Трговските синџири во БиХ на купувачите можат да им го олеснат препознавањето и изборот на најповолните производи.
Почитувањето на член 11 од Законот за заштита на потрошувачот, вклучува обврска за истакнување не само на информации за цената, видот и називот на производот, туку и за цената по единица мерка. Трговските синџири во БиХ на купувачите можат да им го олеснат препознавањето и изборот на најповолните производи.
При купувањето на одреден производ, највидлива е цената што вреди за целиот пакет, а единица мерка е едно парче. Истакнувањето на цената и за единицата мерка на купувачите им овозможува сигурност при изборот на најповолниот производ, како и соодветна споредба меѓу различните брендови.
Честопати може да се чини дека одреден производ има пониска цена. Но, ако е помал бројот на единици во пакетот, во однос на истиот вид производ од друг бренд, тогаш станува збор за привидна поволност. Поради тоа, информацијата за цената на единицата мерка е од клучно значење за купувачите, бидејќи им укажува на вистинската поволност на одреден производ и го олеснува споредувањето на цените на различни брендови, објаснува Адмира Исаковиќ, регионален менаџер за набавка и маркетинг на компанијата „дм".
Истакнувањето на цената за единица мерка на производот е еден од начините на кој „дм" се грижи за потребите на своите купувачи, тие да бидат добро информирани и задоволни. Квалитетниот однос со купувачите и нивната доверба, секогаш се во центарот на нашето размислување и делување, заклучи Исаковиќ.