
Квалитетна ракија, рачно правени чоколада и домашна пршута се само некои од производите што ќе се претстават на посетителите на манифестацијата Premium Food Weekend која ќе се одржи на 11 и 12 мај во трговскиот центар „Делта сити“ во Белград.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Квалитетна ракија, рачно правени чоколада и домашна пршута се само некои од производите што ќе се претстават на посетителите на манифестацијата Premium Food Weekend која ќе се одржи на 11 и 12 мај во трговскиот центар „Делта сити" во Белград.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со понудата на некои од најпознатите домашни и странски брендови во прехранбената индустрија, како и да дегустираат храна од органско потекло. Своите производи ќе ги претстават 20 домашни и странски компании меѓу кои се „Златиборац", „Тупервар", млекара „Лесковац", „Колид", „Рубин", „Тонус" и многу други.
Двата дена, манифестацијата започнува во 10 и завршува во 22 часот.