
Опсегот на производство на храна и пијалаци минатата година се намали за 5%, а се намалија и продуктивноста и додадената вредност на вработените.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Опсегот на производство на храна и пијалаци минатата година се намали за 5%, а се намалија и продуктивноста и додадената вредност на вработените.
Проблемите на словенечките прехранбени претпријатија се последица на недостапноста на финансиски средства, агресивна конкуренција, како и на барањата на странските доставувачи за пократни рокови за плаќање (некогаш дури и авансно плаќање) поради лошиот бонитет и неможноста за инвестирања, предупредува Татјана Закорц, директорката на Комората за земјоделски и прехранбени претпријатија ГЗС (Стопанска комора на Словенија). Како уште еден проблем, таа ја истакна и законодавната рамка како што е на пример новата такса на благи пијалаци.
Според претседателот на Управата на АД „Жито", Јанез Бојц, словенечките прехранбени претпријатија направиле најголеми грешки во втората половина од деведесеттите години од минатиот век: наместо да го преселат производството на пазарите во останатите држави од тогашна Југославија, тие се ширеле само со извоз.