
Нето-добивката на „Јамница“, за минатата година изнесуваше околу 30,9 милиони евра, а управата на компанијата предложи дивиденда од 294 евра за акција.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Нето-добивката на „Јамница", за минатата година изнесуваше околу 30,9 милиони евра, а управата на компанијата предложи дивиденда од 294 евра за акција.
Во повикот на собранието на акционери на, објавен на веб-страницата на Загребската берза, управата на „Јамница" предложува, од вкупната нето-добивка од 30,9 милиони евра, како задржана добивка да се распоредат 24,4 милиони евра, додека на акционерите да им се исплати дивиденда со вкупен износ од 6,5 милиони евра, или по 294 евра за акција.
Главното собрание на компанијата, што е во состав на „Агрокор" ќе се одржи на 22 август, а дивидендата на акционерите ќе им биде исплатена до 25 август.
Во претходно објавениот финансиски извештај на „Јамница", остварена е добивка од 30,9 милиони евра што е за 21 отсто поголема во споредба од 2014 година. Вкупните приходи се зголемени за 8 отсто, на 220,5 милиони евра, а расходите за седум отсто, на 184,4 милиони евра.