
Вонредната управа на „Агрокор“ на доверителите им понуди спогодба за решавање на нивните побарувања, со која се предвидува основање на два „Агрокора“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вонредната управа на „Агрокор" на доверителите им понуди спогодба за решавање на нивните побарувања, со која се предвидува основање на два „Агрокора".
Едниот ќе биде т.н „здрав Агрокор" чии 100% сопственици ќе бидат кредиторите и на кои ќе им биде пренесен целиот имот на концернот, додека долговите што не можат да се отплатат би останале во „лошиот Агрокор". Нацрт-предлогот е осмислен како решение за делумна наплата на долговите во висина од 5,5 милијарди евра, при што во овој износ не се вклучени меѓусебните побарувачи на претпријатијата во рамките на системот „Агрокор".
На сопственикот на „Агрокор" Ивица Тодоровиќ, во овој случај, ќе му останат само долговите. Доверителите, банките и акционерите во новиот „Агрокор" би добиле сопственички удел во согласност со нивните побарувања.
Клучно за првата фаза од оваа спогодба е што „Агрокор" останува како една една целина, при што доверителите го контролираат процесот на отплата на долговите и самите ја договараат иднината на компаниите што се во составот на концернот.
Оперативното работење ќе биде поделено на неколку сектори, кои ќе имаат свои управи, но стратешките одлуки ќе ги донесува одборот на холдингот.
Во нацртот на спогодбата не се зборува за отписот на побарувачката, но јасно е дека не ќе може сè да се наплати. Имено, доверителите ја преземаат новата компанија која во овој момент може да има вредност од речиси две милијарди евра, што е помалку од вкупниот долг.
Со нацртот е предвиден и редоследот на наплата. Најпрвин се исплаќаат побарувањата на вработените во концернот, потоа доверителите со осигурани побарувања, односно тие што како гарнација за наплата имаат недвижнини или гарант им е солвентна компанија, меѓу кои се и хрватските банки.