
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Првиот потпретседател на владата на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека млекото во Србија е добро и дека нивото на алфатоксинот во млечните производи „суштински“ е намалено, а владата тоа и наскоро ќе го „формализира“, пренесува агенцијата „Бета“.
Првиот потпретседател на владата на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека млекото во Србија е добро и дека нивото на алфатоксинот во млечните производи „суштински" е намалено, а владата тоа и наскоро ќе го „формализира", пренесува агенцијата „Бета".
Вучиќ за телевизијата Б92 изјави дека не знае колкаво е сегашното ниво на алфатоксин во млекото, но потврди дека е намалено и дека наскоро и формално ќе биде пропишано дека нивото на алфатоксинот во млекото не смее да биде поголемо од 0,05 микрограми по литар, што претставува европски стандард.
Наскоро, и со подзаконски акти ќе биде намалено нивото на афлатоксинот, изјави Вучиќ.