InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Стечајниот управник на претпријатието „Малина" од Врање, објави трета продажба на имотот на оваа фирма, за јавно собирање на понуди.
Предмет на продажба се подвижниот и недвижниот имот, меѓу кои најзначајни се градежните објекти изградени во комплексот на „Малина".
Во рамките на компанијата се наоѓаат објекти кои се впишани во листата на недвижнини: зграда за технички услуги, магацини и комори за длабоко замрзнување, како и објекти што не се впишани како: управната зграда, производствено-погонскиот објект, комори за длабоко замрзнување, канцеларии и подвижен имот.
Проценетата вредност е 42,4 милиони динари.
Крајниот рок за доставување на понудите е 7 мај, кога ќе биде одржано и јавното отворање на понудите.