
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Второто деловно полугодие на прехранбената компанија „Клас" од Сараево, меѓу другото, го обележи добриот извозен резултат на Босанскиот локум на српскиот пазар. Во текот на последните шест месеци во Србија беа пласирани речиси 100 тони од ова традиционално благо, а компанијата оценува дека обемот на продажба на локумот во 2014 година би можел да биде уште поголем.
Босанскиот локум моментално во Србија може да се најде во објектите на „Меркатор", „Делез" и „Идеа".
Според зборовите на директорот на „Клас", Харис Кускуновиќ, новиот дистрибутер на Босанскиот локум за српскиот пазар организирал дегустации во поголемите градови. На потрошувачите им се допаднаа сите три вкуса на локумот: класик, орев и чоколадо, орев и кокос, а многумина го поврзаа со традиционалните домашни слатки што ги подготвувале нивните мајки. Охрабрувачки резултат е за шест месеци да се пласираат речиси 100 тони чајно печиво на пазар што е преплавен со разновидна понуда, првенствено со домашни кондиторски производи, истакна Кускуновиќ.
Од компанијата изјавуваат дека квалитетот на локумот, како и на останатите производи на „Клас", го гарантира традицијата долга 111 години, искусните технолози, современата технологија и меѓународно признаените стандарди за управување со квалитетот (ИСО, ХАССП и Халал). Благодарение на сето тоа, продажбата на локуми на пазарот на БиХ континуирано расте.