
Вредноста на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора за оваа година изнесуваше 791 евро, соопшти „Монстат“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вредноста на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора за оваа година изнесуваше 791 евро, соопшти „Монстат".
Од вкупната вредност, за храна и безалкохолни пијалаци се потрошиле 246,7 евра, за непрехранбени производи и услуги 349,5 евра и за станарина 194,8 евра.
Според статистичките податоци, едно четиричлено семејство минатиот месец најмногу потрошило пари за станарина, снабдување со струја, вода, како и купување на гориво (88,3 евра во просек).
За купување млеко и млечни производи четиричлено семејство потрошило 71,2 евра, а најмалку за безалкохолни пијалаци, 1,1 евро, пренесува порталот CDM.
За купување леб и производи од жито семејството одвоило 32,6 евра, за зеленчук и преработки од зеленчук 37,3 евра, овошје и преработки од овошје 27,4 евра, за месо 49,2 евра, риба 5,8 евра, а за масла и масти 6,2 евра.
Ако се земе предвид просечната нето-плата во Црна Гора (478 евра), произлегува дека едно четиричлено семејство потрошило повеќе од половината од заработувачката само за храна.
Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во јули 2014 година е намалена за 1,4 на годишно ниво, а во однос на декември 2013 година е помала за 0,9%, се додава во соопштението на „Монстат".