
Во фабриката за производство на масло за јадење, успешно беше спроведена ресертификацијата на меѓународно признаените стандарди ISO и HACCP, според кои „Бимал“ работи од 2006 година, соопштија од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во фабриката за производство на масло за јадење, успешно беше спроведена ресертификацијата на меѓународно признаените стандарди ISO и HACCP, според кои „Бимал" работи од 2006 година, соопштија од компанијата.
Претставници од сертификациската куќа СГС ја посетија фабриката во Брчко, каде што поминаа два дена за да утврдат дали компанијата работи во согласност со стандардите.
Имплементираниот стандард ISO 9001:2008 е систем за управување со квалитетот на производите, а системотHACCP е контрола на здравствената исправност на храната. Примената на овие стандарди е само уште една потврда за врвниот квалитет и нашата грижа за заштита на потрошувачите, истакнуваат од компанијата.
Квалитет што не дозволува компромиси е еден од постулатите на „Бимал". Во фабриката сите производни процеси се во согласност со зададените стандарди, кои ги имаме вкупно 7. На тој начин се воспоставени доследност и контрола во сите фази од производството. Маслото на „Бимал" е со константно висок квалитет и секогаш здравствено исправно, рече Наташа Пуцар, директор за корпоративни комуникации.