
Познатиот глобален бренд Amstel Premium Pilsener од неодамна се произведува и во пиварницата во Карловац, а „Хајнекен“ – Хрватска ја има лиценцата за производство.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Познатиот глобален бренд Amstel Premium Pilsener од неодамна се произведува и во пиварницата во Карловац. Ова лагер пиво се произведува по традиционален рецепт повеќе од 140 години, а „Хајнекен" – Хрватска ја има лиценцата за производство.
За пиварницата во Карловац да добие лиценца за производство на глобалниот бренд, беше потребно да ги исполни сите технолошки услови за производство, но и да оствари добри продажни резултати на хрватскиот пазар.
На проектот за добивање лиценца работевме повеќе од една година. Пробната подготовка од ова пиво мораше да биде совршена и да ги помине сите тестирања и анализи. Горди сме што ова е доказ дека и нашата пиварница, која е дел од големото семејство на „Хајнекен", е способна да произведува бренд каков што е Amstel Premium Pilsener. Со добивањето на лиценцата покажавме и дека имаме знаење, искуство, одлични луѓе и опрема, истакна Бранка Славеска, претседател на Управата на „Хајнекен" – Хрватска.
Од „Карловачка пивовара" потсетуваат дека годинава станаа 38. пиварница на „Хајнекен", која доби специјално признание за одличните резултати во усовршувањето на производните процеси со примена на алатката ТПМ (Total Productive Management). Исто така, минатата година беше покрената и иницијативата за производство на пивото Karlovačko од хрватски јачмен, а производителот настојува во иднина да користи и локални лимони и мандарини за радлерите.