
Со продажба на пакет акции DEG ја поттикна ликвидноста на „Атлантик група“ на берзата и на пазарите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со продажба на пакет акции DEG ја поттикна ликвидноста на „Атлантик група" на берзата и на пазарите.
Германската развојна банка DEG стави во процес на забрзана регистрација 207.173 акции на „Атлантик група", водени од страна на инвестициската компанија „Интеркапитал" што сочинуваат 6,21 процент од капиталот.
Понудата на акции од DEG предизвика голем интерес помеѓу инвеститорите, односно 1,7 пати поголема побарувачка на 26 ноември 2014 година, а на издадените акции им беше доделена цена од 925 куни. Трансакцијата беше извршена на вонберзанскиот пазар на 27 ноември. Учество земаа 22 понудувачи при што повеќе од една третина од сите понуди пристигнаа од водечките меѓународни фондови за инвестирање во пазари во развој. Вкупно 65% од акциите се наменети за домашни, а 35 проценти за странски инвеститори. Во трансакцијата од вкупно 25 милиони евра, удел од 58% е наменет за инвестициските фондови, 39% за пензиските фондови и 3% на банките и индивидуалните инвеститори. Оваа трансакција ќе осигура дополнителна ликвидност на акциите на „Атлантик група", зголемувајќи го уделот на акции кои се дистрибуирани до јавноста (free-float) на 35,5%.
DEG го препозна потенцијалот на „Атлантик група" во време кога комапнијата уште не котираше на пазарот на капиталот и го поддржа нашиот развој преку долготрајна и плодна соработка. Среќни сме што DEG останува акционер на „Атлантик група", а со тоа ја потврдува и поддршката во развојот во иднина. Од друга страна, не радува зголемената ликвидност на нашите акции која беше поттикната со оваа трансакција која генерално ќе има позитивно влијание на хрватскиот пазар на капитал, изјави Емил Тедески, претседател на управата на „Атлантик група".
DEG е долгорочен развоен партнер на Атлантик Група уште од аквизицијата на „Цедевита" во 2001 година, кога банката се вклучи во финансирањето. Подоцна банката продолжи со акционерско вложување во 2006 што е дополнето со земање учество во докапитализацијата во 2010 година. По трансакцијата DEG останува стратешки партнер со 2,28 процентен удел во капиталот на „Атлантик група".