
Во конкуренција од околу 1.000 брендови во секторот на стока за широка потрошувачка, хрватските потрошувачи за најомилен бренд ја избраа Vegetа, покажуваат резултатите од истражувањето на „Ипсос Пулс“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во конкуренција од околу 1.000 брендови во секторот на стока за широка потрошувачка, хрватските потрошувачи за најомилен бренд ја избраа Vegetа, покажуваат резултатите од истражувањето на „Ипсос Пулс".
Како што се наведува, ова признание е показател за квалитет на производите, континуирани инвестиции во брендот и технологијата, постојани иновации во асортиманот и континуирани и квалитетни активности на регионалните пазари.
Истражувањето спроведено на околу 4.000 испитаници ширум Хрватска беше поделено во повеќе од 60 категории, а силата на брендот се одредува на основа на тоа колку тој е добро дефиниран и во која мера потрошувачите го препознаваат и користат. Зад Vegetа, на листата се најдоа и други домашни брендови, но и глобални брендови како Coca-Cola, Milka, Nivea и други.