
Резултатите од истражувањето што веќе трета година по ред го спроведува Организацијата на потрошувачи si.Brand, покажува дека Milka е најдобар бренд во Словенија за 2012 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Резултатите од истражувањето што веќе трета година по ред го спроведува Организацијата на потрошувачи si.Brand, покажува дека Milka е најдобар бренд во Словенија за 2012 година.
Покрај Milka, на табелата на si.Brand Top 50 се најдоа и Coca-Cola, Fructal, Adidas и многу други брендови во сопственост на странски компании, додека домашниот „Меркатор" се најде на шестото место. Од Организацијата велат дека редоследот на водечките брендови на листата одговара со другите неодамна објавени листи од комерцијалните истражувања.
Најголемиот број брендови од листата ѝ припаѓаат на прехранбената индустрија, а по нив следуваат пијалаците, електрониката, козметиката, спортските производи, производите за домаќинство, фармацевтски производи, осигурувања, автомобилската индустрија и интернетот.
Истражувањето е спроведено од 25 февруари до 10 декември 2012 година. Учество земале 1.084 потрошувачи од Словенија поделени во пет старосни групи, меѓу 15 и 65 години.
Брендовите од табелата Top 50 добиваат ексклузивно едногодишно право на користење на ознаката si.Brand 2013.